Достапни линкови

Власта и опозицијата на пауза, преговорите продолжуваат за два часа


По двочасовна пауза треба да продолжи средбата на лидерите на најголемите политички партии од власта и од опозицијата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Бранко Црвенковски во Клубот на пратениците на која ќе се обидат да ги надминат отворените прашања во пресрет на предвремените парламентарни избори и за обновување на дијалогот власт-опозиција. На средбата, Груевски е придружуван од Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска и Силвана Бонева, а со Црвенковски се Наташа Савова, Андреј Петров и Јани Макрадули. За време на досегашните разговори кои траеа час и половина, било отворено само прашањето за Изборниот законик, при што од СДСМ останал на истите барања, а предусловот за деблокирање на сметките на медиумите од „Перо Наков“ бб сега станува услов, јавија медиумите.
XS
SM
MD
LG