Достапни линкови

logo-print

Радиоактивни честици од Јапонија летаат над Пацификот


Јапонските власти ги проверуваат жителите за озраченост

Јапонските власти ги проверуваат жителите за озраченост

Светската метеролошка организација соопшти дека ветровите пренесуваат радиоактивни честици од нуклеарната централа во Фулушима преку Пацификот до други азиски земји. Зрачењето од реакторот драстично се зголеми денеска по нов пожар во објектот, кој сега, како што соопштуваат јапонските власти, е изгаснат а радијацијата е намалена. Надлежните им наредија на жителите во 30 километарски радиус да не излегуваат од домовите, додека во Токијо, на 250 километри од нуклеарната централа, нивоата на зрачење се благо зголемени. Проблемите со нуклеарката настанаа по силниот земјотрес од 9 степени според Рихтер и цунами брановите кои го погодија островот во петокот. Се стравува дека 10.000 лица настрадале во природната непогода, која според властите, е најголема катастрофа по Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG