Достапни линкови

Започна лидерската средба во Клубот на пратеници


Во клубот на пратеници започна средбата меѓу лидерот на владеачката ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски и првиот човек на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски. На средбата Груевски е придружуван од Мартин Протоѓер, Гордана Јанкуловска и Силвана Бонева, а со Црвенковски се Наташа Савова, Андреј Петрој и Јани Макрадули. Како што најави на прес-конференција во петокот, СДСМ останува на барањето да се деблокираат сметките на медиумите од „Перо Наков“, да се прочисти Избирачкиот список, да се направат измени на Изборниот законик и да се обезбеди реална поделба на буџетски платеното рекламирање во медиумите.
Премиерот Груевски неколкупати досега посочи дека сите барања на опозицијата се исполнети, освен тоа за сметките на фирмите на „Перо Наков“ бб, кое како што рече не е во доменот на извршната, туку на судската власт.
XS
SM
MD
LG