Достапни линкови

Средба Груевски-Црвенковски


Опозицијата бара исполнување на нивните услови со што ќе се гарантираат фер и демократски избори

Опозицијата бара исполнување на нивните услови со што ќе се гарантираат фер и демократски избори

Ќе ги усогласат ли ставовите и ќе „падне“ ли договор за избори на денешната средба меѓу Груевски и Црвенковски?

Лидерите на најголемите партии од власта и опозицијата Никола Груевски и Бранко Црвенковски ќе разговараат за отворените прашања без кои опозицијата нема да излезе на избори. СДСМ на работната средба оди со конкретни барања. Андреј Петров изјави дека бараат предвремни избори, но и исполнување на условите што ќе гарантираат дека изборите ќе бидат
Деблокирањето на сметките на медиумите не е предуслов за да седнеме да разговораме. Тоа е голем исчекор заради тоа што се одблокира процесот и се овозможи дијалог, и се останати работи само од она што ние јавно го имаме соопштено.
демократски и фер. Во партијата повторуваат дека како чекор на добра волја, Црвенковски во петокот соопшти дека деблокирањето на сметката на А1 не е предуслов за разговори, туку тоа ќе биде тема на меѓупартиски разговори, а остануваат и на другите услови:

„Деблокирањето на сметките на медиумите не е предуслов за да седнеме да разговораме. Тоа е голем исчекор заради тоа што се одблокира процесот и се овозможи дијалог, и се останати работи само од она што ние јавно го имаме соопштено.“

Ако се прифатат барањата, веднаш може да почне процедурата за избори,
вели Петров.

ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на денешната средба преку соопштение истакна
Остана само уште барањето кое е во надлежност на судската власт, односно да се деблокираат сметките на А1 ТВ и доколку тоа навистина веќе не е услов како што изјави Бранко Црвеновски, јас лично очекувам дека денеска ќе имаме договор за предвремени избори.
дека „идејата за нејзиното одржување произлегла од фактот што по излегувањето на СДСМ од Собранието сериозно се нарушија интересите на Македонија и оттука постои потреба за надминување на ситуацијата“. Во партиската рекција изразуваат надеж дека, како што наведуваат, „ова не е уште еден блеф и политички маневар на Црвенковски да се пролонгира изборниот процес“.

Лидерска средба кај претседателот Ѓорге Иванов на 7 февруари 2011 година

Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ повтори дека подолго време опозицијата истакнува пет услови од кои четири се исполнети, а останало барањето за деблокирање на сметката на А1 кое е во надлежност на судската власт.

„Остана само уште барањето кое е во надлежност на судската власт, односно да се деблокираат сметките на А1 ТВ и доколку тоа навистина веќе не е услов како што изјави Бранко Црвеновски, јас лично очекувам дека денеска ќе имаме договор за предвремени избори.“
Компромисот можеби ќе биде во тоа да несмее да се случи пред изборната кампања да биде затворена телевизијата А1.


Политичките аналитичари нагласуваат дека средбата Црвенковски и Груевски е важна по многу работи зошто веќе неколку месеци земјава има блокада на политичкиот дијалог. Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани очекува да се најде начин да се премине преку овие проблеми:

„А тоа е пред се проблемот на медиумите, компромисот можеби ќе биде во тоа да не смее да се случи пред изборната кампања да биде затворена телевизијата А1, ќе продолжи судскиот процес понатаму.“

Во однос на прочистувањето на избирачкиот список, тој се надева дека исто така ќе се најде решение со тоа што ќе се поработи уште извесно време како и во однос на другите детали за организирање фер и демократски избори. Вчера и американскиот амбасадор Рикер го нагласи значењето на политичкиот дијалог и рече дека каков ќе биде исходот од средбата зависи од Груевски и Црвенковски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG