Достапни линкови

logo-print

Додека горивата достигнуваат рекордни цени, во владата и натаму молк дали планира да преземе мерки за намалување на акцизата.

Во Министерството за финансии се уште без одговор дали владата планира да преземе мерки за намалување на цените на горивата. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески минатата недела рече дека владата не размислува за намалување на акцизата за горивата. Тој рече дека секоја влада проценува каде е најважно да интервенира и оти тие одлучиле да интервенираат преку пласирање 40 илјади тони пченица од државните резерви за да се стабилизира цената на лебот.

По вчерашното поскапување, бензинот Еуросупер 95 изнесува 79,5 денари за литар, а цената на Еуросупер 98 е 81 денар за литар. Ова е рекордна цена на
Најлошо е кога се покачуваат општо електричната енергија, транспортот и
нафтата.
горивата во Македонија, повисока и од летото 2008 година кога цената на нафтата на светските берзи ги урна сите рекорди.

Колони автомобили синоќа чекаа на бензинските пумпи во Скопје да наполнат бензин по стара цена – слики што потсетуваат на првата половина од 90-тите кога имаше недостиг од гориво.

Историјат на цените на суровата нафта

Речиси половина од платената цена за литар гориво оди во Владата – преку акцизи, ДДВ и давачката од еден денар за литар бензин што оди во Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Економистите велат дека покачувањето на цените на горивата може да предизвика зголемување на цените на останатите производи и ќе го засилат
Поскапувањето на бензинот, не е било какво поскапување, тоа може да предизвика бран на нови поскапувања на сите производи и затоа итно мора нешто да се преземе. Владата може привремено да ја намали или укине акцизата.
бранот поскапувања. Професор Тихомир Јовановски вели дека на владата и стојат на располагање неколку механизми, меѓу кои и намалување на ДДВ-то за горивата.

„Најлошо е кога се покачуваат, општо електричната енергија, транспортот и нафтата.“

Опозицијата, минатата недела побара намалување на акцизите на горивата. Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски вели дека високата цена на бензинот и одговара на владата, за да собере повеќе пари во буџетот.


„Поскапувањето на бензинот, не е било какво поскапување, тоа може да предизвика бран на нови поскапувања на сите производи и затоа итно мора нешто да се преземе. Владата може привремено да ја намали или укине акцизата. Да потсетиме, со тоа Владата само ќе го реализира она што ВМРО-ДПМНЕ го бараше во август 2005 година кога беше во опозиција.“

Хрватска ги намали акцизите на сите погонски горива за околу два евроценти по литар. Намалувањето на акцизите ќе важи до крајот на годинава. За нафтата за рибарите и земјоделците, или кај нас - „црвената нафта“ за домаќинствата, Хрватска целосно го укина надоместокот кој беше еквивалент на акцизите.

САД, за справување со кризата одлучија да посегнат по стратешките нафтени резерви.

Француската опозиција бара од тамошната влада да ја намали акцизата на горивата за да го компензира порастот на цените. Власта ја исклучи таквата можност и советува како да се штеди гориво.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG