Достапни линкови

Продолжување на откупот на тутун


Тутунарите се жалат на големи штети доколку не се откупи целото количество тутун
Тутунарите се жалат на големи штети доколку не се откупи целото количество тутун

Министерството за земјоделство ќе дозволи да биде откупен неоткупениот тутун, согласно барањата на тутунарите кои побараа продолжување на откупниот рок.

Тутунарите бараат продолжување на рокот за откуп на тутунот. Ако владата не одговори на ваквото нивно барање, две и пол илјади тони тутун ќе бидат уништени, а загубите ќе ги почувствуваат тутунопроизводителите, се жали
Владата тоа да го пролонгира барем уште десетина, петнаесет дена, да даде рок барем до први за луѓето да го предадат тутунот, зошто до сега видовме, ниту цена се достигна, ништо. Сега луѓето гледаат само да го предадат, зошто каде ќе го носат, што да
му прават?
еден од нив.

„Владата тоа да го пролонгира барем уште десетина, петнаесет дена, да даде рок барем до први за луѓето да го предадат тутунот, зошто до сега видовме, ниту цена се достигна, ништо.Сега луѓето гледаат само да го предадат, зошто каде ќе го носат, што да му прават?“, изјави тутунарот Кире Неделковски.

Во Министерството за земјоделство, пак, велат дека планираните 25.000 тони тутун, се речиси откупени. Останати се многу мали количества неоткупен тутун, велат од ресорното министерство. Оттаму додаваат дека државниот инспекторат за земјоделство ќе дозволи неоткупениот тутун, да биде откупен од страна на откупувачите со цел да им се излезе во пресрет на тутунопроизводителите кои имаат повеќе тутун од договореното.


Токму тоа, насадувањето повеќе тутун од договореното и вршењетопритисок целото количество да биде откупено го прави проблемот со тутунарите комплициран, велат упатените. Професорот Борис Јанакиев вели дека постојат и многу тутунари кои насадиле тутун, а притоа не скучиле договор за откуп. Сега и тие прават притисок за да го продадат насадениите количества.

„Тие склучиле договор за едно количество, па си насадиле дополнително и сега овие велат, ама чекајте ние имаме договор за толкава и толкава количина. Значи, тука е проблемот, државата со инспекциите не водеше сметка како се склучуваат договорите, имаат на повеќе места склучено
Тие склучиле договор за едно количество, па си насадиле дополнително и сега овие велат, ама чекајте ние имаме договор за толкава и толкава количина. Значи, тука е проблемот.
договори, со повеќе членови на семејство.“

Откупните претпријатија купуваат толку колку што им е потребно и за колку што се договориле со тутунопроизводителите. Но, за да се излезе од оваа ситуација, владата може да го продолжи откупниот рок и да ги плати останатите количества, вели Јанакиев:

„Владата да го продолжи тој рок, но претпријатијата велат `ние немаме пари, владата нека даде пари, па ќе го купиме`. Tие си го откупиле до 15-ти март толку колку што планирале и не можете да ги натерате, тие си го исполниле договорите.“

Во согласност со Законот за тутун, тутунарите треба да го пријават новото производство во подрачните единици на министерството за земјоделство до 25 овој месец. Договорите со откупните компании земјоделците треба да ги склучат најдоцна до 10 април.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG