Достапни линкови

logo-print

Пописот во Македонија, во октомври


Пописот во Македонија најверојатно ќе биде одложен и наместо од 1 до 15 идниот месец, се предвидува да се одржи од 1 до 15 во октомври годинава. Вчера доцна попладне координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева и Тахир Хани од ДУИ до Собранието доставија Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за попис, кој ќе се носи по скратена постапка и е веќе ставен како дополнување на дневниот ред на 143. собраниската седница закажана за утре. Пописот на населението во Македонија се одлага поради се поизвесните предвремени избори.
XS
SM
MD
LG