Достапни линкови

logo-print

Радијацијата во Јапонија се намалува


Јапонските власти соопштија дека радијацијата од нуклеарната централа Фукушима се намалува, иако претходно денеска достигна ниво, опасно за човековото здравје. Откако беше оштетена од земјотресот во петокот, во нуклеарката се случија неколку експлозии. Премиерот Наото Кан ги повика жителите во радиус од 30 километри да останат дома и предупреди од можна натамошна радијација. Според јапонски претставници, 50-тина работници сеуште се обидуваат да пуштат вода во реакторите за да ги изладат. Во Токио, кој е 240 километри јужно од нуклеарната централа, исто така нивото на радијација почнало да се намалува. Во меѓувреме, јапонската берза денеска го заврши тргувањето во минус 10 проценти, што е најголем пад од 1987-ма година.
XS
SM
MD
LG