Достапни линкови

Клинтон се сретна со либиски опозициски лидер


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон се сретна со еден од водечките либиски опозициски лидери. Но ниту Клинтон, ниту Махмуд Џибрил дадоа коментар по нивниот разговор во еден луксузен хотел во Париз. Клинтон претходно за конфликтот во Либија разговараше и со францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон, кои бараат ОН да забранат летови над Либија, бидејќи претседателот Моамер Гадафи користи тенкови и воени авиони за напад на цивили.
XS
SM
MD
LG