Достапни линкови

Рикер - Од Груевски и Црвенковски зависи


Американскиот амбасадор Филип Рикер присуствуваше на доделувањето на грантовите на УСАИД во вредност од пет милиони долари наменети за невладините организации

Американскиот амбасадор Филип Рикер присуствуваше на доделувањето на грантовите на УСАИД во вредност од пет милиони долари наменети за невладините организации

Каков ќе биде исходот од најавената средба на премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски зависи само од нив двајцата, тоа е внатрешно прашање, и тие треба да работат за излез од политичката криза изјави американскиот амбасадор во Скопје Филип Рикер. Тој додаде дека политичкиот дијалог е секогаш важен секаде во светот и САД има доверба во лидерите на Македонија дека ќе пронајдат начин да се справат со
Мислам дека е поинтересно да се зборува за работи како обезбедување на пет милиони долари помош и поддршка на Македонија во соработка со македонските пријатели, која има за цел отварање до 500 нови работни места.
предизвиците со кои се среќаваат деновиве.

На новинарското прашање, дали е подобрена соработката по колумната на поранешниот амбасадор Ристо Никовски, Рикер изјави дека е подобро да се зборува за вистинската економска соработка меѓу Македонија и САД, како што се денешните доделувања на грантовите од УСАИД во вредност од пет милиони долари за невладини организации.

„Мислам дека е поинтересно да се зборува за работи како обезбедување на пет милиони долари помош и поддршка на Македонија во соработка со македонските пријатели, која има за цел отварање до 500 нови работни места. Ова е она за што треба да се однесува пријателството и соработката отколку да се играат „бесмислени игри“. Продолжуваме да работиме на она што ќе ни помогне да ги оствариме целите кои ги имаат македонските граѓани, а тоа е попросперитетна земја, попросперитетен регион и САД имаат намера да помогнат во таа насока.“


Пет невладини организации денеска добија грантови од УСАИД од вкупно пет милиони долари за проекти за поддршка на микропретприемништвото и енергетската ефикасност во Македонија со кои треба да отворат нови работни места за 500 луѓе. Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека донацијата од американските граѓани е уште еден доказ за продолжување на соработката со САД.

„Со денешната иницијатива ние имаме уште еден доказ за продолжување на соработката и поддршката што доаѓа од САД кон Македонија, за остварување на нашите цели, за подобрување на економските перспективи на
Очекуваме овие мали претпријатија да отворат околу 500-тини нови работни места, делумно таргетирајќи групи кои што традиционално имаат отежнат пристап на пазарот на трудот, како што се жените, младите и членовите на ромската заедница, на пример.
Македонија.“

Амбасадорот Рикер вели дека организациите со овие грантови ќе можат да им помогнат на 450-тини нови и веќе постоечки микропретпријатија да се етаблираат на пазарот.

„Очекуваме овие мали претпријатија да отворат околу 500 нови работни места, делумно таргетирајќи групи кои што традиционално имаат отежнат пристап на пазарот на трудот, како што се жените, младите и членовите на ромската заедница, на пример.“

Битолскиот центар за старт на бизниси со проектот „Бизнис без граници“ ќе добие 1,3 милиони долари како тригодишен грант за претприeмнишво. Центарот за претприемачи и менаџери ќе добие речиси 2 милиони долари, за проект кој треба да даде поддршка, обука и програма за финансирање за 180 микропретпријатија. Добитници на грантови се и невладини организации со проекти за вработување на надаредни занаетчии и вешти ракокотворци, потоа за енергетска ефикасност и за рецикилирање на пластика каде целна група се невработените Роми кои заработуваат од собирање на пластика.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG