Достапни линкови

Состанок на Советот за безбедност при ООН за Либија


Советот за безбедност при Обединетите нации денеска се состанува за разгледување на предлогот на лидерите од арапските земји за затворање на воздушниот простор над Либија. Британија и Франција составија предлог-резолуција за оваа иницијатива, но истата се уште не е дистрибуирана. Францускиот амбасадор Жерард Арауд пред состанокот изрази надеж дека подршката на арапските земји за затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја ќе придонесе кон иницирање на меѓународна акција. Американскиот државен секретар, пак, во Париз се сретна со лидерите на земјите од групата Г8 со кои дискутираше за ситуацијата во Либија. Во меѓувреме, либијската државна телевизија јави дека војниците кои преминале на страна на бунтовниците и се бореле против лидерот Муамар Гадафи ќе бидат помилувани доколку им се предадат на безбедносните сили. Силите на Гадафи денеска повторно се судрија со бунтовниците кои од пред една недела ги контролираат источните предели на северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG