Достапни линкови

„Фејсбук“ протести се организираат во Црна Гора


"With street protests against mafia", undated

"With street protests against mafia", undated

Протести преку социјалната мрежа „Фејсбук“ се подготвуваат во Црна Гора. Групата на социјалната мрежа брои веќе 400 членови, обединети под мотото „Со улични протести против мафијата“.
Првиот протест во Подгорица е планиран на 21 март. Полицијата во црногорскиот главен град не им дозволи на организаторите на митингот да се соберат пред зградата на Парламентот. И покрај тоа, тие не се откажуваат од најавениот собир, на кој планираат да го изразат незадоволството од ситуацијата во државата.
Ова е прв обид за организирање протести преку „Фејсбук“ во Црна Гора. Како што наведуваат организаторите, повод е драстичното влошување на животниот стандард, намалувањето на платите, сомнителната приватизација, како и целосниот пад на општеството.
XS
SM
MD
LG