Достапни линкови

logo-print

Нова жртва од грипот тип А Х1Н1 во Македонија


Свинскиот грип зема нова жртва во Македонија. Станува збор за 54-годишна пациентка, која на Клиниката била хоспитализирана на 10-ти овој месец, со зголемена температура, отежнато дишење, кашлица и општа изнемоштеност, информираа од Комисијата за пандемски грип. Според информациите на Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести во изминатото деноноќие амбулантски биле прегледани шест пациенти со симптоми на грип, од кои двајца биле хоспитализирани. Во моментот болнички се лекуваат 52 лица. На Клиниката за детски болести амбулантски биле прегледани 12 деца, од кои две биле хоспитализирани. Таму во моментот болнички се лекуваат шест деца.
XS
SM
MD
LG