Достапни линкови

На нашето ново прашање во рубриката Хајд Парк, Дали владата дипломатски се однесува кон странските дипломати?, преовладуваат коментари против странците.

Имаме нова тема во Хајд паркот на Радио Слободна Европа: за односот Влада - Меѓународна заедница, поточно дали Владата дипломатски се однесува кон странските дипломати. Прашањево е особено актуелно во контекст на некои потези на некои претставници на македонската политика и на тн. новинарска фела оценети како неумесни и како дел од владината политика на „покажување мускули“ и заладување на односите на Македонија со сите нејзини пријатели.

Македонецот, се чини, во својата природа ја носи недовербата кон се' што не е во согласност со неговото
Ванчо од Ново Село не' прашува нас, новинарите, што сме добиле досега од меѓународната заедница кога не сме имале забелешка на однесувањето на Владава и на владите на Македонија.
размислување. Ваков впечаток се добива од видео-анкетата и од испратените одговори на нашата веб-страница.

Преовладуваат ставови против странците, како оној на Филип Втори кој смета дека Македонија уште од 1991 година им се умилкувала на странските дипломати, а тие не покажале искрени намери да ни помогнат да го решиме најголемиот проблем - оној со „овие од југ“, како што пишува.

Ванчо од Ново Село не' прашува нас, новинарите, што сме добиле досега од меѓународната заедница кога не сме имале забелешка на однесувањето на Владава и на владите на Македонија. Владо смета дека ние сме им дозволиле на странците да се однесуваат како во „село без кучиња“, постојано вадејќи се дека сме „мали“, а тие „големи“.

Ники прашува зошто Радио Слободна Европа не си го поставела прашањето себеси или на странските дипломати, дали тие се однесувале дипломатски спрема Република Македонија.

Некој Мики, пак, од Скопје има сосема различно
Владо смета дека ние сме им дозволиле на странците да се однесуваат како во „село без кучиња“.
мислење: „Каков народ, таква Влада, па после не и' идело на Македонија. Место пријатели, правиме непријатели ама не можеш да им докажеш дека со таква политика нема резултати“.

Како за крај, нешто надвор од политиката. На нашата информација за Македонката Живка Џој Поповска од Битола, која веќе 20 години е успешен и познат адвокат во Мелбурн, во Австралија, има две реакции од нашите слушатели. Васко од Мелбурн пишува дека македонската заедница таму се гордее со неа и посакува и други од понежниот пол да тргнат по стапките на Живка Џој. Велевски од Шведска пишува: „Браво, треба сите Македонци, каде и да сме, да се радуваме со нашите кои имаат изучено и се на такви места“. Браво и од нашата редакција за Живка Џој Поповска од Битола, поточно од Мелбурн во далечната Австралија.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG