Достапни линкови

На регионалните избори во Русија победи владејачката партија


Руската владејачка партија Обедината Русија победи на регионалните избори. Резултатите покажуваат дека таа победила во сите 12 региони каде што вчера се одржаа изборите. Во сите Обединета Русија успеа да победи со над 40 насто од гласовите, а во регионот Чукотка на далечниот исток доби над 70 проценти. Набљудувачите од организацијата Голос велат дека изборите биле проследени со неправилности. Регионалните избори се сметаат за тест пред декемвриските парламентарни и наредните претседателски избори догодина.
XS
SM
MD
LG