Достапни линкови

Пакистанскиот суд одби да донесе одлука за Дејвис


Високиот суд во Пакистан денеска се прогласи за ненадлежен за донесување одлука дали Рејмонд Дејвис, кој работи за американската Централно разузнавачка агенција има дипломатски имунитет. Тоа, како што се наведува, треба да го стори судот кој го води неговиот процес. Дејвис кој кон крајот на јануари годинава уби двајца пакистанци во Лахоре тврди дека тоа го сторил во самоодбрана. Вашингтон соопшти дека тој има дипломатски имунитет и мора да биде вратен во Соединетите држави. Овој случај ги разниша врските меѓу двете земји, а денешната судска одлука, според агенциите, ќе ја пролонгира кризата во нивните односи.
XS
SM
MD
LG