Достапни линкови

logo-print

Јапонските нуклеарки во опасност од прегревање


Нуклеарната централа Фукушима

Нуклеарната централа Фукушима

Уште една експлозија одекна во нуклеарната централа Фукушима во Јапонија. Нуклеарката е оштетена од големото цунами предизвикано од силниот земјотрес во петокот. Властите информираат дека во експлозијата во третиот реактор се повредени шест луѓе, но дека јадрото на контејнерот не е оштетено. Надлежните велат дека трите реактори на нуклеарката се во опасност од прегревање и затоа се ладат со морска вода. Во саботата се случи експлозија во првиот реактор во Фукушима.

Агенцијата Кјодо одбајави дека утрово биле пронајдени околу две илјади тела на брегот на префектурата Мијаги која беше на удар на цунамито. Се претпоставува дека во земјотресот загинаа околу 10 илјади луѓе.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека има „70 отсто шанси“, во наредниве три дена, Јапонија да ја погоди повторен земјотрес со јачина од 7 степени или посилен.
XS
SM
MD
LG