Достапни линкови

logo-print

Протести во Бахраин - 200 лица повредени


Полициските сили во Бахраин стрелале со гумени куршуми и фрлале солзавец кон демонстрантите во главниот град на земјата Манама. Очевидци велат дека полицијата се судрила со над 300 демонстранти кои се обиделе да го запоседнат банкарскиот центар во градот. Илјадници демонстранти маршираат низ улиците на градот, јавија новинските агенции. Според болнички извори, околу 200 лица биле повредени во немирите, предизвикани од незадоволството на шиитската заедница од владеењето на сунитската монархија. Министерството за внатрешни работи на Бахраин соопшти дека четиринаесетмина полицајци биле повредени во судирите. Американскиот државен секретар за одбрана Роберт Гејтс ја посети земјата во петокот на единаесетти овој месец. Кога станува збор за реформи, „бебешки чекори“ не се доволни, изјави Гејтс по посетата. Инаку, во Бахраин се наоѓа Петтата флота на Американската морнарица.
XS
SM
MD
LG