Достапни линкови

Портпаролот на Стејт департментот си поднесе оставка по критиките за Пентагон


Филип Кроули

Филип Кроули

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Филип Кроули си поднесе оставка од функцијата откако упати критики кон Пентагон за третманот на војник, осомничен за кражба на доверливи информации. Третманот на војникот е „смешен, контрапродуктивен и глупав“ забележа Кроули. Тој ги презентираше своите забелешки за случајот пред публика на Институтот за технологија во Масачусетс. Војникот Бредли Менинг е под истрага за наводно предавање на украдени доверливи информации на американската Влада на интернет порталот „Викиликс“. „Како и да е, Бредли Менинг се наоѓа на вистинското место“ забележа веќе поранешниот портпарол на Стејт департментот Кроули. Менинг моментално се наоѓа во самица во американски воен затвор.
XS
SM
MD
LG