Достапни линкови

Либијските бунтовници се повлекуваат од Брега?


Либијските сили верни на лидерот Моамер Гадафи денеска се пробија во населените места окупирани од бунтовниците и наводно го запоседнале градот Брега. Бунтовниците се повлекле од градовите по судирите со воените сили, jавија медиумите. Доколку извештаите се точни, губењето на контролата врз Брега би можело значајно да ги ослабне бунтовничките сили кои се приврзаници на либијската опозиција. До пред извесно време тие контролираа добар дел од источните предели на северноафриканската земја. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Хилари Клинтон отпатува за Париз каде утре ќе се сретне со претставници на либијската опозиција. За сега не се обелоденети планови за странска воена интервенција во Либија, и покрај повиците од лидерите на арапските држави за затворање на воздушниот простор над земјата.
XS
SM
MD
LG