Достапни линкови

Повеќе од 300,000 луѓе евакуирани во засолништа во Јапонија


Повеќе од 300,000 луѓе во Јапонија се евакуирани во засолништа, во повеќето од кои нема струја, соопштија локалните медиуми. Се стравува дека над 10.000 луѓе настрадале во природната катастрофа која настана во петокот. Силниот земјотрес од 9 степени според Рихтер предизвика цунами бранови. Сето тоа предизвика експлозија во нуклеарна централа во северот на земјата вчера. Властите ги ладат реакторите во објектот со морска вода, што според експертите претставува очајнички потег за избегнување на нуклеарна екслопзија која би предизвикала катастрофални еколошки последици. Јапонскиот премиер Наото Кан изјави дека земјата се соочува со најголемата катастрофа по Втората светска војна и повика на национално единство во справувањето со последиците.
XS
SM
MD
LG