Достапни линкови

САД Загрижени за Јемен


Филип Кроули

Филип Кроули

Соединетите американски држави се огласија за настаните во Јемен. Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули рече дека САД се длабоко загрижени од извештаите за повредени и убиени демонстранти во изминатава недела во земјата. Во меѓувреме продолжуваат немирите во јеменскиот главен град Сана. Демонстрантите и понатаму протестираат против 30 годишното владеење на претседателот Али Абдула Салех, кој одбива да се повлече од лидерската позиција. Според последните извештаи, десетмина демонстранти биле повредени во денешните протести.
XS
SM
MD
LG