Достапни линкови

logo-print

Два реактори во Јапонија се ладат со морска вода


првиот реактор во централата во Фукушима

првиот реактор во централата во Фукушима

Два реактори во централата во Фукушима се ладат со морска вода, а државната компанија за производство на електрична енергија најави истурање на морска вода и во третиот реактор, со цел да се намали насобраниот притисок. Експертите веќе предупредија дека ваквиот потег е знак на очај. Илјадници жители се без електрична енергија, поради тоа што сите достапни ресурси се користат за работата на системите во нуклеарната централа. Група кинески експерти денеска треба да пристигне во земјата. Во меѓувреме, илјадници луѓе го евакуираат северот на Јапонија, посебно откако медиумите јавија дека зрачењето од нуклеарката е над пропишаните вредности. Реакторите се дестабилизираа по експлозија во објектот предизвикана од земјотресот со сила од 9 степени според Рихтеровата скала, најсилниот во Јапонија во изминативе 100 години. Се проценува дека над 10.000 луѓе настрадале во потресот кој предизвика цунами бранови. Додека меѓународната заедница нуди помош за земјата, јапонскиот премиер повика на национално единство во справувањето со, како што ја нарече, најголемата катастрофа во Јапонија по Втората Светска војна.
XS
SM
MD
LG