Достапни линкови

logo-print

Јапонскиот премиер повикува на единство, експертите се загрижени од нуклеарна криза


Нуклеарниот реактор во централата во Фукушима

Нуклеарниот реактор во централата во Фукушима

Премиерот на Јапонија Наото Кан повика на единство во земјата со цел да се надмине, како што ја нарече, најлошата криза со која е соочена нацијата по Втората светска војна. Во меѓувреме, експертите предупредуваат на можна нуклеарна криза. Користењето на морска вода за ладење на реакторот во централата во Фукушима е знак на очај, предупреди поранешниот советник на американскиот секретар за енергетика Роберт Алварез. Милиони луѓе се без електрична енергија, бидејки сите струјни резерви се користат за ладење на реакторот. Тим од кинески експерти најави посета на Јапонија, во услови кога нивоата на зрачење од нуклеарната централа ги надминаа пропишаните вредности. Евентуална експлозија на јадрото на реакторот би можело драстично да ја загади животната средина.
XS
SM
MD
LG