Достапни линкови

Најавени протести во 11 хрватски градови


Антивладини протести денеска се најавени во 11 градови низ Хрватска, јавуваат тамошните медиуми. Демонстрантите бараат премиерот Јадранка Косор да си поднесе оставка, обвинувајки ја нејзината администрација за лошо управување и за корупција. Преку протестите се бараат реформи кои би ја претвориле Хрватска во демократска држава. Вчера протести имаше во градовите Вараждин, Задар, Вировитица, Копривница, како и во Загреб, Сисак, Шибеник, Пула, Риека и Славонски Брод.
Премиерот Косор ги отфрли барањата на опозицијата за предвремено гласање и најави дека избори ќе се одржат откако сегашната власт ќе ги заврши преговорите за присоединување на земјата кон Европската унија.
XS
SM
MD
LG