Достапни линкови

Хилари Клинтон ќе се сретне со либијските опозиционери


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон заминува за Париз, каде во понеделник ќе се сретне со лидерите на либијската опозиција на разговори за ситуацијата во земјата. Нејзиното патување се случува откако либијската државна телевизија јави дека силите лојални на лидерот Муамар Гадафи го окупирале градот Брега во источниот дел на земјата, едно од населените места каде се групираа бунтовниците. Ова е еден од последните инциденти во неколкунеделното крваво насилство кое изби во земјата во знак на незадоволство од владеачката структура. Претходно, Белата куќа во Вашингтон го поздрави апелот на Арапската лига за затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја. Во соопштението од официјален Вашингтон не се споменува ништо за можна воена интервенција.
XS
SM
MD
LG