Достапни линкови

Демонстранти се собираат во главниот град на Јемен денеска на нова рунда протести преку кои се бара оставка на претседателот, јавија медиумите. Претседателот Али Абдула Салех, кој е на власт 30 години, до сега одбиваше да се повлече од функцијата. Инаку, вчера во немирите во земјата загинаа четворица а утрово од повреди починал уште еден од демонстрантите. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази загриженост од ситуацијата во Јемен, осудувајки ги безбедносните сили за прекумерна употреба на сила.
XS
SM
MD
LG