Достапни линкови

Проблем со реактор на нуклеарна централа во Јапонија


Нуклеарната централа во Фукушима

Нуклеарната централа во Фукушима

Еден од реакторите во централата во Фукушима има проблеми со системот за ладење. „Би сакал да ви кажам за третиот реактор. Функцијата за снабдување на вода до реакторот откажа, како што претпоставуваме дека е можно да се случи. Сега се обидуваме да го решиме ова, да го испуштиме притисокот од дизните и да пуштиме вода во контејнерот“ изјави денеска портпаролот на јапонската влада Јукио Едано.
Јапонската агенција за нуклеарна безбедност вчера ја оцени состојбата во централата со четворка, на скала од еден до седум. Единица е најнискиот скор, додека со седмица се претставува несреќа од типот на Чернобил.
XS
SM
MD
LG