Достапни линкови

logo-print

Вашингтон ја поздрави иницијативата на Арапската лига


од вчерашното заседание на Арапската лига во Египет

од вчерашното заседание на Арапската лига во Египет

Белата куќа во Вашингтон ја поздрави иницијативата на Арапската лига за затворање на воздушниот простор над Либија. Апелот кој Лигата вчера го испрати до Советот за безбедност при Обединетите нации, според Вашингтон, е „важен чекор“ кој ја надополнува светската порака дека насилството во Либија мора да престане. Сепак, во соопштението од американската институција не се споменува можноста за воена интервенција во северноафриканската земја и нема иницијатива за свикување на заседание на Безбедносниот совет при ООН. Соединетите американски држави и Европската унија испратија апели за прекин на насилството во Либија и побараа од лидерот Муамар Гадафи да се повлече, но до сега не беше преземена иницијатива за затворање на либијскиот воздушен простор.
XS
SM
MD
LG