Достапни линкови

Повеќе од 10,000 настрадани во Јапонија?


Japan -- A massive tsunami sweeps in to engulf a residential area after a powerful earthquake in Natori, Miyagi Prefecture, 11Mar2011

Japan -- A massive tsunami sweeps in to engulf a residential area after a powerful earthquake in Natori, Miyagi Prefecture, 11Mar2011

Бројот на настрадани во природната катастрофа во Јапонија најверојатно надминува 10.000 лица, соопштија денеска од полицијата. Портпаролот на полицијата во Мијаги, еден од најпогодените градови од цунамито, изјави дека само во ова населено место бројот на жртвите може да е поголем од 10.000, што е значајно повеќе од првичните проценки за 900 загинати во целата земја. Илјадници луѓе бегаат од северниот дел на земјата, стравувајки од нуклеарно зрачење од оштетена нуклеарна централа. Повеќе од 170,000 луѓе беа евакуирани од регионот. Јапонската метеролошка агенција соопшти дека земјотресот во петокот бил со јачина од 9 степени според Рихтер - најсилниот земјотрес кој ја погодил земјата во изминатите 100 години.
XS
SM
MD
LG