Достапни линкови

Реформите во јавната администрацијата, ставовите на поранешниот амбасадор Никовски, можниот криминал со Националната платежна картичка... дел од темите во неделниците.

Една многу загрижувачка насловна страница треба да го предизвика вниманието на домашната јавност, на граѓаните-читатели, на интелектуалците: онаа на најновиот број на неделникот Глобус - „Македонија без Глобус - Глобусот без Македонија“. За неделникот и, по се изгледа, за неговиот крај на излегувањето пишува заменик главниот и одговорен уредник, кој доволно јасно, без лажна патетика им кажува на читателите дека неделникот веќе подолго време всушност едвај преживува затоа што, пишува, стравот не е вгнезден само кај обичните луѓе, кои поради неповолната политичка клима и мрачните и опасни времиња сметаат дека е
Форум се занимава со неколку актуелни и интересни теми: Во статијата за најавената реформа на јавната администрација од страна на премиерот Груевски, неделникот го поставува прашањето дали е најавена реална промена или нова шминка?
многу битно да не се прават многу храбри и паметни. Стравот, продолжува авторот на колумната, ги тресе и оние кои се моќни, богати и навидум недопирливи - од т.н. олигарси до последниот менаџер кој води некаков бизнис во Македонија. Глобус е рубрициран како медиум кој е преостар или претерано критички настроен спрема Владата, едноставно кажано важи за антирежимски весник, па бизнисмените избегнуваат да се рекламираат во таков медиум, ја кажува поразувачката вистина за нашето актуелно време-невреме неделникот кој самиот си го најавува својот крај. Тажно... многу тажно...

Форум се занимава со неколку актуелни и интересни теми: Во статијата за најавената реформа на јавната администрација од страна на премиерот Груевски, неделникот го поставува прашањето дали е најавена реална промена или нова шминка? И дали јавната администрација ќе успее во извештаите на Европската комисија да се смести меѓу областите во кои е
Уводникот на Фокус е посветен на топ темата во изминатата недела: колумната на поранешниот амбасадор Никовски кој побара протерување на американскиот амбасадор Рикер и на сличните дипломати кои, според него, се мешале во внатрешните работи на земјава.
забележан реален напредок? Во текстот за работењето на Антикорупциската комисија формирана да ја лови корупцијата и да го открива криминалот во државните институции се потсетува дека во Собранието е доставена предлог-одлука за огласување на именувања членови на Комисијата пред завршувањето на мандатот на постојните и дека нејзините членови веќе добија црвен картон многу месеци пред да им истече мандатот и дека дел од експертите и актуелни и бивши антикорупционери сметаат дека намерата на власта е да си постави партиски луѓе и во ова тело.

Уводникот на Фокус е посветен на топ темата во изминатата недела: колумната на поранешниот амбасадор Никовски кој побара протерување на американскиот амбасадор Рикер и на сличните дипломати кои, според него, се мешале во внатрешните работи на земјава. Милошоски не мисли како него, но го брани правото на Никовски да има сопствено мислење, баш како што и Груевски не мислеше како Влатко Ѓорчев, ама не чепна во неговото право да тресе зелени против Фуере во Брисел. Па се прашува дали портокаловиве се ептен демократи. Како да не, - одговара. Тие само работат во стилот: Што не смее таткото, кажува синот. Затоа, баш сакам да видам дали Американецот ќе го испратат како Ирецот, или, пак, тој ќе ги испрати нив? - завршува авторот на колумната во неделникот.

Инаку Фокус продолжува да ја третира темата за премолчената далавера со Националната платежна картичка на Груевски и со синот на пратеничката Дулиќ, сега вработен во Царина, но и сопственик на фирма која добива милионски тендери од Владата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG