Достапни линкови

Уапсени Бахаисти во Иран


Повеќемина Бахаисти биле уапсени во Иран денеска поради промовирањето на нивната вера, јави новинската агенција „Ирна“. Медиумот ја пренесува изјавата на обвинител од градот Бам, кој потврдил дека Бахаистите биле уапсени по сознанијата на тајната полиција во земјата, дека ја промовирале верата во детски градинки во градовите Бам, Керман и Техеран. За сега не се знае за колку лица станува збор. На Бахаистите во Иран им е забрането да учествуваат во образовниот процес и не смеат да извршуваат државни функции. Тие се гонат пред и по исламската револуција во Иран во 1979 година.
XS
SM
MD
LG