Достапни линкови

Арапската лига бара затворање на либијскиот воздушен простор


Арапската лига го повика Советот за безбедност при Обединетите нации да го затвори воздушниот простор над Либија, јави државната телевизија на Египет. Во извештајопт се додава дека државите од арапскиот свет одлучиле да започнат комуникација со Либијскиот бунтовнички совет кој се наоѓа во градот Бенгази. Состанокот на Лигата се случува по средбата на лидерите од Европската унија, на која во петокот се постигна согласност за разгледување на сите начини за присилување на Моамар Гадафи да отстапи од лидерската позиција.
XS
SM
MD
LG