Достапни линкови

Нуклеарната несреќа во Јапонија имала локални последици, тврдат властите


Нуклеарната несреќа имаше локални последици, се наведува во извештајот на јапонските власти до Меѓународната агенција за атомска енергија при Обединетите нации. Во извештајот до Агенцијата јапонската Влада ја оценува нуклеарната несреќа во Фукошима со четворка, на скала од еден до седум. Согласно класификацијата, со единица се означува аномалија додека седмица значи голема несреќа. Претходно властите наредија евакуација на населението во радиус од десет километри околу централата која се наоѓа во североисточниот дел на земјата. Тие потврдија дека во експлозијата, која настана од силниот потрес со јачина од 8,9 според рихтеровата скала, не била оштетена заштитната обвивка околу реакторот. Во меѓувреме, јапонските медиуми јавија дека најмалку три лица биле озрачени по експлозијата во објектот, пред да бидат евакуирани. Експлозијата во нуклеарната централа предизвика најголема загриженост по цунамито кое ја удри Јапонија во петокот. Бројот на настрадани во природната катастрофа се проценува на 1 000 лица, бројка која се очекува да расте.
XS
SM
MD
LG