Достапни линкови

Тројца озрачени од нуклеарната централа во Јапонија, јавија медиумите


Најмалку три лица биле озрачени пред да бидат евакуирани од близината на нуклеарната централа во Фукушима, јавија јапонските медиуми. Властите наредија евакуација на жителите кои се наоѓаат во десет- километарски радиус на објектот кој беше оштетен од експлозија, предизвикана од силниот земјотрес. Од Владата на Јапонија изјавија дека металната обвивка околу реакторот не била оштетена при експлозијата. Во меѓувреме, се очекува зголемување на бројот на загинати во природната катастрофа која ја потресе земјата. Според неофицијални извештаи, повеќе од 1.000 лица настрадале од брановите предизвикани од земјотресот со јачина од 8,9 степени според Рихтер, што според некои проценки е најсилниот потрес во изминатиов век во Јапонија.
XS
SM
MD
LG