Достапни линкови

Кипaрскaтa влада го осуди апсењето на европратенци во Северен Кипар


Кипар

Владата на Република Кипар како незаконски акт го оцени денешното апсење на европратеници од властите во турскиот дел на островот, соопшти грчката агенција АНА-МПА. Овој незаконски чин ги поткопува и става динамит врз напорите за постигнување решение за кипарскиот проблем, изјави владиниот портпарол Стефанос Стефану. Тој додаде дека владата ги презела сите неопходни активности и чекори за итно ослободување на незаконски уапсените во Северен Кипар.
XS
SM
MD
LG