Достапни линкови

Основачко собрание на Демократска десница


Демократска десница е израз на потребата на дадениот политички момент, на потребата на македонскиот граѓанин да се направат промени, кои можат да доведат до подобар квалитет на животот. Ова го истакна претседателот на новоформираната партија Демократска десница, Филип Петровски, на денешното основачки собрание во Скопје. Демократска десница е партија која ќе му се обрати на граѓанинот и ќе понуди конкретни и брзи решенија, која нема да се занимава со плукање по другите и која нема да бара изговори насекаде, само не во сопствениот двор, рече Петровски.
XS
SM
MD
LG