Достапни линкови

Експлозијата во нуклеарната централа во Јапонија не го оштетила реакторот


Денешната експлозијата во нуклеарната централа во Фукушима, предизвикана од цунамито, ја оштети зградата но не металниот оклоп околу јадрото на реакторот, соопштија јапонските власти. Владиниот портпарол Јукио Едано дополни дека нивоата на зрачење во близина на нуклеарката во североисточниот дел на земјата не се зголемиле по екслозијата, демантирајки ги претходните извештаи на медиумите во кои се тврдеше спротивното. Покрај се`, и понатаму важи наредбата на властите за евакуација на жителите кои живеат во близина на централата на десет километри од објектот.
XS
SM
MD
LG