Достапни линкови

ММФ испрати апел до Пакистан за контрола на инфлацијата


Меѓународниот монетарен фонд апелираше до властите во Пакистан да превземат мерки против инфлацијата и да ја заштитат земјата од политички и економски шокови кои би можеле да настанат поради растот на цената на нафтата. Тим на меѓународната организација вчера заврши со десетдневна офдицијална посета на земјата, со цел проценка на подготвеноста на пакистанските власти за добивање заем во висина од 7,6 милијарди американски долари. Во соопштението на ММФ се вели дека пратениците организацијата одржале конструктивни разговори со претставници на пакистанската централна банка и Владата во врска со враќање на макроекономската стабилност во земјата и имплементирањето на структурни реформи.
XS
SM
MD
LG