Достапни линкови

logo-print

Министерот за внатрешни работи на Косово преживеа сообраќајка


Бајрам Реџепи (лево)

Бајрам Реџепи (лево)

Службеното возило на косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи, синоќа се судрило со возило на ЕУЛЕКС, но немало повредени во ниту едно од возилата, јави дописникот на МИА од Тирана. Сообраќајната несреќа се случила во Приштина, кај семафорите во бизина на Централна банка на Косово. Поголеми оштетувања од сударот имало возилото на ЕУЛЕКС. По сударот министерот Реџепи бил виден како излегува од возилото марка „Ауди А6“ и влегол во друго возило марка „Голф 6“.
XS
SM
MD
LG