Достапни линкови

Европа усвои план за справување со должничката криза


Лидерите од Еврозоната денеска во Брисел се согласија за зајакнување на фондот за спас од задолженост и подобрување на координацијата на економските политики. Tоа би требало да им помогне на економски послабите членки во Еврозоната да се справат со евентуални ефекти од задолженост. Претседателот на Европскиот совет Херман Вон Ромпуј рече дека денешниот договор би требало да се финализира на Европскиот самит кој започнува на 24-ти март годинава. Според претседателот, сето ова би требало да помогне во справување со кризите кои силно ги удрија Грција и Ирска и ја намалија довербата на инвеститорите во еврото.
XS
SM
MD
LG