Достапни линкови

logo-print

МОК изрази испрати писмо со сочуство за жртвите во Јапонија


Japan--The massive 8.8 magnitude earthquake

Japan--The massive 8.8 magnitude earthquake

Македонскиот олимписки комитет испрати писмо со сочуство до претседателот на Јапонскиот олимписки комитет, Цунеказу Такеда и до генералниот секретар Норијуки Ичихара, поради силниот земјотрес, кој предизвика појава на цунами кои ја погодија Јапонија, нанесувајќи при тоа голем број на човечки жртви и огромна материјална штета.
„Ви ги упатуваме нашите најискрени зборови на сочуство со јапонскиот народ и Јапонскиот олимписки комитет и ве молиме во оваа прилика да ги пренесете овие наши зборови до семејствата на трагично загинатите“, стои во писмото од МОК.
Македонскиот олимписки комитет никогаш нема да ја заборави несебичната помош која народот на Јапонија ја понуди на Македонија, кога нашиот главен град, Скопје, во 1963 година беше погоден од катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе, кој уништи околу 80 отсто од Скопје и кој остави околу 200.000 луѓе без кров на глава.
XS
SM
MD
LG