Достапни линкови

logo-print

Осум години од смрта на српскиот Премиер Зоран Ѓинѓиќ


Денеска се навршуваат осум години од убиството на претседателот на српската Влада и лидер на Демократската партија Зоран Ѓинѓиќ.
Осумгодишнината од атентатот врз Ѓинѓиќ ќе биде одбележана со положување венец на гробот во Алејата на великаните и оддавање почит, како и со организирање финале на натпреварот по ораторство во Белград.
Американскиот неделник „Тајм“ во септември 1999 година го стави Ѓинѓиќ на листата меѓу 14 водечки европски политичари на третиот милениум.
Двајца поранешни членови на српската паравоена полиција беа прогласени за виновни за атентатот врз премиер Зоран Ѓинѓиќ. Поранешниот командант на специјалната полиција Милорад „Легија“ Улемек, поранешен легионер, и неговиот заменик Звездан Јовановиќ, сковале завера заедно со уште десетмина други личности од подземјето и паравојската за извршување на атентатот што се случи на 12 март 2003 година во Белград. На Улемек и Јовановиќ им беше изречена максимална затворска казна во времетраење од 40 години.
XS
SM
MD
LG