Достапни линкови

logo-print

Експлозија во јапонската нуклеарка оштетена од земјотресот


Japan -- A TV grab shows he power plant on fire following a massive 8.9-magnitude earthquake in Ishihara, 11Mar2011

Japan -- A TV grab shows he power plant on fire following a massive 8.9-magnitude earthquake in Ishihara, 11Mar2011

Силна експлозија одекна во една од двете оштетени нуклеарки во Фукушима. Јапонските медиуми јавија дека зидовите на централата Даичи се распаднале, но не е јасно дали станува збор за реакторот или за надворешните зидови. Во експлозијата имало неколку повредени лица и радиоактивноста била зголемена. Властите уште претходно по големиот земјотрес и цунамито соопштија дека се загрижени и за двете нуклеарни централи во Фукушима каде страдале системите за ладење и каде што била регистрирана радијација.
Јапонија соопшти дека се стравува дека во земјотресот и цунамито кои вчера го погодија североисточниот брег на земјата живото го изгубиле над 1000 лица. Илјадници луѓе се евакирани од оваа област а на целиот брег продолжуваат опсежните операции за спасување. Вчерашниот земјотрес од 8,9 степени според Рихтер е опишан како 5 ти најсилен земјотрес кој ја погоди планетата Земја во изминативе 100 години.
XS
SM
MD
LG