Достапни линкови

Неинформираноста е причина поради која e слаб одзивот меѓу граѓаните во Дебар за предавање на нелегалното оружје и покрај законската одредба согласно законот за оружје.

За новодадената законска можност за доброволно предавање на нелегалното оружје во земјава, во општина Дебар многу малку граѓани знаат и покрај тоа што во согласност со одредбите на законот за оружје, новиот рок од 12 месеци стартуваше на 5 јуни 2010 година и завршува на 5 јуни оваа година.
Поради оваа состојба МВР и ОБСЕ имаа средба со советодавната група на граѓани во Дебар, на која е оценето дека нелегално оружје има кај дел на
Активностите се малку задоцнети. Констатирано е и на средбата на советодавното тело дека добар дел од населението во општината не е информирано за новата можност за предавање по доброволен основ на оружјето.
населението, поради што најавија подинамична активност во наредните месеци, со цел акцијата да биде успешна.

„Активностите се малку задоцнети. Констатирано е и на средбата на советодавното тело дека добар дел од населението во општината не е информирано за новата можност за предавање по доброволен основ на оружјето. Затоа е планирана кампања за да се информира јавноста за роковите но и за начинот на предавање на оружјето. Полициската станица во Дебар во оваа активност дава соодветен прилог во активностите“, вели инспекторот по превентива во полициската станица во Дебар, Милаим Абази.

Илустрација

Тој подвлекува дека во неколку акции на полицијата во оваа погранична општина, откриено е нелегално оружје и муниција, но доброволно предавање на оружјето во текот на минатите месеци не е забележано.

„Според нашите евиденции во полициската станица во Дебар не е забележан ниту еден случај на доброволно предавање на оружјето, од моментот на стартот на одредбите од законот.“

Преставниците на локалната власт, локалните институции и невладиниот
Според нашите евиденции во полициската станица во Дебар не е забележан ниту еден случај на доброволно предавање на оружјето, од моментот на стартот на одредбите од законот.
сектор дадоа силна поддршка на оваа нова акција за доброволно предавање на оружјето, бидејќи него го има на овие простори. Во изминатите месеци регистрирани се бројни случаи на пукање на разни веселби и манифестации со нелегално оружје, а пукотници со оружје се забележани и кај малолетни лица.

Граѓанските и хуманитарните здруженија од Дебар одлучија да се вклучат во активностите за спроведување на акцијата за доброволно предавање на оружјето, со вклучување на свои членови во делењето на флаерите и другиот материјал, во кој се објаснува акцијата за доброволно предавање на оружјето како и можноста да се легализира таквото оружје во согласност со законот.

„Сметам дека нелегално оружје има, но во помал број. Има пукотници на свадби и други веселби“, истакнува Исни Телкиу од хуманитарните организации.

МВР и советодавната група на граѓани во Дебар најавија трибини и средби со населението со цел да се објасни законската можност за доброволно предавање на оружјето и можноста тоа да се легализира во согласност со законските одредби.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG