Достапни линкови

Голем број од Ромите во Македонија немаат никакви документи, не се заведени во матичната книга на родените, поради што немаат ниту здравствена заштита.

Малолетнички бракови, бебиња и деца незаведени во матичната книга на родените, странски државјани кои со децении престојуваат тука без регулирано државјанство. Ова е проблем со кој во 21 век се соочува дел од ромското население кои живее како во гето во дивата населба над битолскиот Баир. Овие луѓе не можат да се здобијат со здравствена заштита, социјално осигурување, образование, вработување и други човекови права
Едното дете има девет години, другото осум, а третото пет. Немам ни здравствена книшка за нив, ако се разболат ги носиме на приватно на лекар, а немаме толку
пари.
неопходни за достоен живот.

„Едното дете има девет години, другото осум, а третото пет. Немам ни здравствена книшка за нив, ако се разболат ги носиме на приватно на лекар, а немаме толку пари.“

„Од дете пет години сум во Македонија, иако роден сум во Србија. Тогаш беше Југославија и јас имав лична карта, работев, тука се венчав. Потоа се распадна Југославија и во Македонија дојдоа од полиција и ми рекоа да барам државјанство од Србија. Но, немав пари да одам таму. И останав тука без документи. Се лекував со книшката на жена ми, но таа почина и сега ќе останам и без здравствена заштита, а сум асматичар“, велат битолски Роми.

Од невладините ромски организации евидентирале 50 лица, меѓу кои и деца, кои немаат матичен број, а по нивна проценка дури уште толку немаат документи за лична идентификација. Дел од децата потекнуваат од малолетнички бракови.
Од дете пет години сум во Македонија, иако роден сум во Србија. Тогаш беше Југославија и јас имав лична карта, работев, тука се венчав. Потоа се распадна Југославија и во Македонија дојдоа од полиција и ми рекоа да барам државјанство од Србија. Но, немав пари да одам таму. И останав тука без документи.


„Ги има малолетничките бракови, тие не склучуваат официјален брак и не се регистрираат како такви додека не станат полнолетни. Ние се соочуваме со голем број на незаведени деца во матичната книга на родените, како што ги викаат во последно време „луѓе фантоми“. Тешка е постапката да се докаже кога се родени, кои им се родеителите“, вели Самедин Канановски извршен директор во НВО „Баирска светлина“.

Но, не е мал бројот ни на Роми со нерегурлирано државјанство.

„Доаѓаат жени тука во населба Баир од Бугарија и Албанија се мажат за наши. Секоја години треба да пријавуваат привремен престој. Тоа не го прават. Имаме луѓе кои се тука по 15 години, а немаат регулирано државјанство“, додава Канановски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG