Достапни линкови

Обвинителството го чека МВР за случајот Кале


Скопското Јавно обвинителството го чека Министерството за внатрешни работи да ги идентификува лицата кои учествувале во ноќниот инцидент на Кале, па потоа да покрене постапка.
- Доколку МВР го идентификува идентитетот на лицата и поднесе пријава ние ќе постапиме и по самата пријава, изјави првиот човек на скопското Јавно обвинителство Марко Зврлевски. Тој додаде дека од МВР за случајот „Кале“ е поднесена кривична пријава во два наврати за 60-тина лица. - Тие лица се осомничени, пред истражниот судија е поднесено барање за спроведување на постапка на определни истражни дејствија и по завршувањето на дејствијата ќе донесеме мериторна одлука, додаде тој.
На прашањето дали Обвинителството има утврдено кој кого напаѓа во инцидентот на „Кале“, Зврлевски вели дека тоа е предмет на истрагата.
XS
SM
MD
LG