Достапни линкови

Црвенковски ја прифати поканата за средба со Груевски


Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски ја прифати поканата за билатерална средба од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на која ќе се разговара за отворените прашања во пресрет на претстојните парламентарни избори во Република Македонија.
Црвенковски на денешната прес конференција изјави дека СДСМ го предлага Борис Кондарко за Претседател на ДИК. Инаку иницијативата на Груевски, како што е соопштено, е во интерес на претстојниот изборен процес и приоритетите на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG