Достапни линкови

Во Брисел состанок за мисијата на НАТО во Авганистан


Министрите за одбрана на скоро 50 земји кои имаат свои војници во Авганистан денеска во Брисел расправаат за планот за трансфер на одговорноста за безбедноста во земјата врз авганистанските владини сили. Говорејќи на отворањето на состанокот генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека станува збор за клучен елемент во намерата на западните сили да ја намалат својата воена улога во Авганистан. На состанокот учествува и македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски. Македонија во моментот во мисијата во Авганистан учествува со 163 војници и друг персонал.
XS
SM
MD
LG