Достапни линкови

Самит на Европската унија за Либија


Пред почетокот на состанокот на ЕУ во Брисел

Пред почетокот на состанокот на ЕУ во Брисел

Лидерите на Европската унија денеска во Брисел на состанок за кризата во Либија од каде што доаѓаат информации дека силите лојални на Моамер Гадафи го презеле од бунтовниците важниот нахтен центар Рас Лануф. Пред самитот францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон во заедничка изјава побараа од Гадафи да си замине од власт, а од Европската унија да го признае бунтовничкиот Национален совет како легитимен политички претставник на Либија. Тие дадоа поддршка на воените мерки за помош на бунтовниците, меѓу нив и воспоставување зона на забранети летови. На ова се противи Африканската унија која смета дека странската воена интеревенција ќе ја влоши ситуацијата.
XS
SM
MD
LG